свет

Трамп домаќин на потпишувањето на мировниот договор меѓу ДР Конго и Руанда

- Денес се обврзуваме да ставиме крај на децениското насилство и крвопролевање, изјави американскиот претседател пред церемонијата со лидерите на Конго и Руанда

Hakan Çopur  | 04.12.2025 - Обновена : 04.12.2025
Трамп домаќин на потпишувањето на мировниот договор меѓу ДР Конго и Руанда

ВАШИНГТОН (АА) - Демократска Република Конго и Руанда денес потпишаа историски мировен и економски договор со посредство на САД, со цел да се стави крај на конфликтот во немирниот источен дел на Конго, известува Анадолу.

„Денес се обврзуваме да ставиме крај на децениското насилство и крвопролевање и да воведеме нова ера на хармонија и соработка меѓу Демократска Република Конго и Руанда“, изјави Доналд Трамп пред церемонијата на потпишување во Вашингтон, на која присуствуваа претседателот на Конго, Феликс Чисекеди и претседателот на Руанда, Пол Кагаме.

На прашањето од новинарите кога трупите ќе го напуштат Конго, Трамп одговори:

„Мислам дека ќе го видите тоа многу брзо, и тоа многу, многу брзо.“

Трамп ги оцени Чисекеди и Кагаме како „одлични лидери“.

„Мислам дека ќе видите непосредни резултати. Уверен сум дека ќе се случи тоа“, додаде тој.

Мировниот договор е резултат на недели дипломатски преговори поддржани од САД, со фокус на прекин на вооружениот конфликт и поттикнување на економската стабилизација во регионот.

Како што претходно беше наведено во нацрт-преговорите, рамката за мир опфаќа прекин на огнот, преглед на безбедносните аранжмани и потенцијално воспоставување нови економски партнерства во регионот богат со минерали, кој со децении е погоден од конфликти.


- Судири во ДР Конго

ДР Конго и бунтовниците на М23, за кои се вели дека се поддржани од Руанда, водеа жестоки борби.

Долготрајното насилство во источниот дел на ДР Конго предизвика смрт на илјадници и раселување на милиони лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın