Трамп ги повика гувернерите да дозволат отворање на верските објекти, вклучувајќи ги и џамиите
Во обраќањето пред новинарите во Белата куќа, Трамп истакна дека ќе ги искористи своите овластувања да го направи тоа сам, доколку гувернерите не донесат таква одлука

ВАШИНГТОН
Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп побара од гувернерите на сојузните држави да дозволат отворање на верските објекти, вклучувајќи ги и џамиите, кои се затворени во рамките на мерките со цел спречување на ширењето на пандемијата на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Во обраќањето пред новинарите во Белата куќа, Трамп истакна дека ќе ги искористи своите овластувања да го направи тоа сам, доколку гувернерите не донесат таква одлука.
„Според моите упаства, Центрот за контрола и превенција на болеста веќе објавува водич за верските заедници", рече Трамп.
Потсети дека одредени гувернери, местата како што се клиниките за абортус ги сврстуваат во категоријата „клучни места".
„Според тоа, денес црквите, синагогите, џамиите и другите верски објекти ги прогласувам за места за примарна служба. Ги повикувам гувернерите веднаш да дозволат работа на местата за молитва", рече Трамп.
Истакна дека верските места ја чуваат општествената заедница на собир, додавајќи дека од гувернерите очекува веќе овој викенд да издадат дозвола за отворање на верските објекти.
„Во Америка ни требаат повеќе молитви, а не помалку", порача американскиот претседател.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.