Стотици лица во Њујорк возеа џет-ски по должината на реките Хадсон и Ист Риверс
- Учесниците на настанот со своите џет-ски создадоа импресивни слики по должината на реките Ист Ривер и Хадсон додека во позадина се отсликуваше иконската силуета на Менхетен.

СКОПЈЕ (АА) - Ентузијастите за водни спортови се собраа на џет-ски настанот што се одржа во Њујорк, САД, известува Анадолу.
Учесниците на настанот со своите џет-ски создадоа импресивни слики по должината на реките Ист Ривер и Хадсон додека во позадина се отсликуваше иконската силуета на Менхетен.
Како дел од настанот, стотици возачи на џет-скии тргнаа од различни точки на градот кон двете реки, а рутата ја завршија во придружба на крајбрежната стража и полициските чамци.
Промоцијата која ја одрази возбудата од доаѓањето на летната сезона, го привлече вниманието и на жителите на градот и на туристите.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.