свет

Сомалија и Саудиска Арабија потпишаа договор за воена соработка

Една од клучните цели на стратегиското партнерство е подобрувањето на регионалната стабилност и безбедноста на Црвеното Море

Mohamed Dhaysane  | 09.02.2026 - Обновена : 10.02.2026
Сомалија и Саудиска Арабија потпишаа договор за воена соработка

МОГАДИШУ (АА) – Сомалија и Саудиска Арабија потпишаа договор за воена и соработка на полето на одбраната, соопшти денес Министерството за одбрана на Сомалија, јавува Анадолу.

Во официјалното соопштение Министерството наведува дека договорот има за цел да ги зајакне воената и одбранбената соработка меѓу двете земји, опфаќајќи низа области од заеднички интерес.

Потпишан е Меморандум за разбирање помеѓу министерот за одбрана на Сомалија, Ахмед Моалим Фики и неговиот саудиски колега, принцот Халид бин Селман, во саудиската престолнина Ријад.

Според сомалиските локални медиуми, една од клучните цели на стратегиското партнерство е подобрувањето на регионалната стабилност и безбедноста на Црвеното Море.

Меѓусебните односи меѓу африканската земја и кралството значително се подобрени откако Израел го призна отцепениот регион Сомалиленд.

Могадишу, исто така, упати барање до пријателските земји за напредна техничка поддршка и воена опрема, со цел заштита на територијалниот интегритет и воздушниот простор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.