САД: Вооружен напад во Минеаполис, 1 загинат, 11 повредени
Подрачјето каде што се случил нападот се наоѓа на околу 5 километри оддалеченост од местото каде што од полицијата беше убиен Афроамериканецот Џорџ Флојд.

МИНЕАПОЛИС (АА) – Едно лице загина, а 11 се повредени во вооружен напад во градот Минеаполис, во Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во објавата на полицијата во Минеаполис, на Твитер, едно лице го загубило својот живот, а 11 се повредени како резултат на нападот од вооружени напаѓачи, кои пукале во околината на булеварот „Хенепин“. Повредените лица не се наоѓаат во животна опасност.
Напаѓачите избегале од местото на настанот.
На некои од фотографите објавени на социјалните медиуми се гледаат траги од куршуми на стаклата од прозорците на театарската сала „Аптаун“ и на една друга продавница.
Не се споделени информации за тоа дали има приведени лица поврзани со инцидентот, а исто така нема информации и за идентитетот и возраста на лицето што го загубило животот.
Од друга страна, се наведува дека подрачјето каде што се случил нападот се наоѓа на околу 5 километри оддалеченост од областа каде што од полицијата беше убиен Афроамериканецот Џорџ Флојд.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.