свет

Трамп, реагирајќи кон Русија, изјави дека двете нуклеарни подморници се распоредени „каде што треба да бидат“

- По изјавите на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев за нуклеарното прашање, американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека двете нуклеарни подморници се распоредени „каде што треба да бидат“

Sercan İrkin  | 04.08.2025 - Обновена : 04.08.2025
Трамп, реагирајќи кон Русија, изјави дека двете нуклеарни подморници се распоредени „каде што треба да бидат“

ИСТАНБУЛ (АА) - По изјавите на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев за нуклеарното прашање, американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека двете нуклеарни подморници се распоредени „каде што треба да бидат“, известува Анадолу.

Според весникот „Хил“, Трамп одговарал на прашањата на новинарите пред неговото патување за Вашингтон.

На новинарското прашање за локацијата на нуклеарните подморници по забелешките на Медведев за нуклеарното прашање, Трамп рекол „мора да се биде подготвен“, и истакнал:

„Подморниците се во регионот, каде што треба да бидат“.

Трамп посочил и дека Стив Виткоф, специјалниот претставник за Блискиот Исток, ќе ја посети Русија во наредните денови и додаде дека се планираат нови санкции кон московската администрација поради војната во Украина.


- Изјавите на Медведев за нуклеарното прашање

Поранешниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев, на 28 јули го нападна Трамп тврдејќи дека политиките на Вашингтон „ризикуваат да предизвикаат поширок конфликт меѓу Русија и САД“.

Во објава на својот профил на платформата X, Медведев наведе:

„50 дена или 10 дена... Трамп мора да запомни две работи: Прво, Русија не е Израел или Иран. Второ, секој нов ултиматум е закана и чекор кон војна. Не меѓу Русија и Украина, туку меѓу неговата земја и Русија“.

На 31 јули американскиот претседател Трамп објави дека наредил „распоредување на две нуклеарни подморници во соодветни подрачја“ како реакција на изјавите на Медведев.

Во објавата Трамп рече:

„По екстремно провокативните изјави на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој е заменик-претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација, наредив распоредување на две нуклеарни подморници во соодветни подрачја“.

Во разговор со новинарите на 1 август, Трамп изјави: „Тој (Медведев) зборуваше за нуклеарно оружје. Кога зборувате за нуклеарно оружје, мора да бидете подготвени за тоа. Ние сме целосно подготвени.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.