САД: Демонстранти протестираа против пристрасноста на медиумите за нападите врз Газа
Хазами Бармада, организатор на протестот: Газа е под немилосрдни напади веќе 22 месеци, при што се убиени десетици илјади луѓе, повеќето од нив деца. Но, голем дел од медиумите молчат, избегнуваат информации, па дури продолжуваат да бидат соучесници

ВАШИНГТОН (АА) - Пропалестински демонстранти во САД протестираа против „пристрасниот и пасивниот јазик“ на медиумското известување на САД за нападите на Израел врз Газа, известува Анадолу.
Пропалестинските демонстранти се собраа во Вашингтон, пред канцелариите на медиумите, како што се „Ен-би-си“ „Фокс њу“, „Ем-ес-ен-би-си“ (MSNBC) и „Хил“.
Демонстрантите протестираа против пристрасното медиумско известување на САД за нападите на Израел врз Газа, држејќи транспаренти на кои пишуваше: „Стоп на соучеството на медиумите во геноцидот“ и „Медиумите лажат, Газа умира“.
Хазами Бармада, организаторот на протестот, обраќајќи се пред демонстрантите, истакна:
„Газа е под немилосрдни напади веќе 22 месеци, при што се убиени десетици илјади луѓе, повеќето од нив деца. Но, голем дел од медиумите молчат, избегнуваат информации, па дури продолжуваат да бидат соучесници.“
„Она што излегува од оваа зграда ги обликува вестите во кои верува светот и токму сега, овие вести убиваат луѓе“, рече Бармада, критикувајќи го пасивниот јазик што го користат медиумите.
Бармада нагласи дека водечките медиуми наместо „Израел ги остава луѓето гладни“, користат пасивен јазик и објавуваат „Луѓето се гладни“ и истакна дека медиумите „ги нормализирале масовните смртни случаи и гласовите на Палестинците ги ставаат во втор план“.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.