САД: Авион на Јунајтед ерлајнс принудно слета во Хјустон
- Летот 129 се врати на аеродромот во вторникот вечер поради „механички проблем“, се вели во соопштението на Јунајтед ерлајнс
ХЈУСТОН (АА) - Авион на Јунајтед ерлајнс, кој се движел на релацијата Хјустон - Рио де Жанеиро, принудно слетал на интерконтиненталниот аеродром „Џорџ Буш“, два часа откако полетал од тој аеродром, соопшти авиокомпанијата, пренесува Анадолу.
Летот 129 се врати на аеродромот во вторникот вечер поради „механички проблем“, се вели во соопштението на Јунајтед ерлајнс.
Авиокомпанијата соопшти дека авионот безбедно слетал, дека патниците безбедно го напуштиле авионот, а Јунајтед ерлајнс направил аранжмани со цел патниците да стигнат до дестинацијата.
Интернет страницата за следење на летовите „FlightAware“ објави дека станува збор за авион од типот „Boeing 767“, кој летал за Рио де Жанеиро и се вратил во Хјустон, 2 часа по полетувањето.
