Руските медиуми опсежно известуваа за самитот Турција - Русија - Иран во Анкара
И државните и опозициските медиуми ја опишаа средбата како „Самит на мирот“...

МОСКВА (АА) - Руските медиуми опсежно го покриваа вчерашниот трилатерален самит помеѓу претседателите на Турција, Русија и Иран во врска со Сирија, одржан во Анкара, пишува Anadolu Agency (AA).
Рускиот дневен весник „Известија“ пренесе дека Самитот завршил со сеопфатни резултати: најавата за завршување на формирањето на сирискиот Уставен комитет, потврдата за прекинот на непријателствата, како и новите идеи за решавање на хуманитарните прашања. Весникот додаде дека е потребна понатамошна работа.
Весниот „Комерсант“ напиша дека брзиот развој во руско-турските односи се должи на честите средби меѓу претседателите Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган. Путин и Ердоган поставија рекорд со бројот на билатерални состаноци и „се чини дека сакаат да ги срушат и сопствените рекорди“, пишува весникот.
Отвореното рекламирање на Путин на руските системи за противвоздушна одбрана, исто така, не помина незабележано.
И државниот и опозицискиот руски печат ја опишаа средбата како „Самит на мирот“, како и државната „Росијскаја газета“, во којашто беа истакнати напорите на тројцата претседатели за придонес кон помирувањето во Сирија, додека опозициската „Независимаја газета“ напиша: „Во Анкара се развиваат идеи по форматот од Астана“.
Вчера, Турција беше домаќин на 5. Самит за Сирија на претседателите на Турција, Русија и Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани.
Самитот се одржа со цел координирање на понатамошните заеднички напори за постигнување долгорочно решение за кризата во Сирија, вклучително и мерки за конечно елиминирање на терористичките закани во Идлиб и во северозападниот дел на Сирија, потоа за промовирање на политичкиот процес, примарно во контекст на формирање и започнување со работа на сирискиот Уставен комитет и решавање на хуманитарните прашања.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.