Пожар на сириско-јорданската граница по падот на остатоци од ракета
- Пожарот настанал откако шрапнели од ракета ја погодиле локацијата, при што се запалиле неколку возила паркирани во зоната
ИСТАНБУЛ (AA) - Голем пожар избувна денес во слободната зона на граничниот премин Насиб меѓу Сирија и Јордан откако остатоци од ракета паднаа во областа во услови на тековните конфликти меѓу Иран и Израел, пренесува Анадолу.
Сириската новинска агенција САНА објави дека пожарот настанал откако остатоци од ракета ја погодиле локацијата, при што се запалиле неколку возила паркирани во зоната.
Екипите на цивилна одбрана веднаш излегле на терен да го изгаснат пожарот, јавува САНА.
Според првичните информации, во инцидентот нема жртви.
Регионалните тензии се зголемени откако Израел и САД на 28 февруари започнаа заедничка офанзива во Иран, при што досега се убиени околу 1.300 лица, меѓу кои и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи.
Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Перисикиот Залив каде што се наоѓаат американски воени бази, предизвикувајќи човечки жртви и штета на инфраструктурата, истовремено нарушувајќи ги глобалните пазари и авиосообраќајот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
