свет

Русија соопшти дека има целосна контрола на воздушниот простор на Украина

Русија тврди дека од почетокот на нападот уништени се 1.114 воени постројки на Украина и дека целиот воздушен простор на Украина е под контрола на Русија

Ruslan Rehimov  | 28.02.2022 - Обновена : 01.03.2022
Русија соопшти дека има целосна контрола на воздушниот простор на Украина

МОСКВА (АА) - Министерство за одбрана на Русија соопшти дека целиот воздушен простор на Украина е под контрола на Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението дадено од Mинистерството се нагласува дека руски војници ги контролираат и областите околу нуклеарната централа Запорожје, дека централата продолжува да работи и дека нивото на радиоактивност е нормално.

Меѓу другото, во соопштението се тврди дека од почетокот на нападот уништени се 1.114 воени постројки на Украина и дека целиот воздушен простор на Украина е под контрола на Русија.

Исто така, се наведува дека под контрола на руската армија се и градовите Бердјанск и Енергодар.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.