Украина: Најмалку 12 загинати, над 60 повредени во руски ракетен напад врз тренинг центар
„Доколку се утврди дека дејствување или недејствување на службени лица довеле до смрт и ранување на војниците, виновните ќе бидат строго повикани на одговорност“

ИСТАНБУЛ (АА) - Украина денес соопшти дека најмалку 12 нејзини војници се загинати, а над 60 се повредени во руски ракетен напад врз тренинг центар во земјата разурната од војна, пренесува Анадолу.
Во соопштението на Копнените сили на Вооружените сили на Украина објавено на Телеграм се вели дека Русија лансирала ракета „врз локацијата на една од тренинг единиците“ на Копнените сили, без да даде дополнителни детали за тоа каде се случил нападот.
„Заклучно со 12:50 часот, 12 лица се загинати, а над 60 се повредени“, се вели во соопштението.
„Нагласуваме дека не се одржани формации или масовни собири на персонал“, се вели понатаму, истакнувајќи дека на повредените им е пружена целата потребна медицинска помош.
Во соопштението се додава дека е формирана комисија за да ги разјасни деталите зад нападот, укажувајќи дека е започната истрага.
„Доколку се утврди дека дејствување или недејствување на службени лица довеле до смрт и ранување на војниците, виновните ќе бидат строго повикани на одговорност“, се вели во соопштението, додавајќи дека се преземаат дополнителни безбедносни мерки за заштита на украинските војници.
Руските власти сѐ уште не се излезени со коментар за тврдењата на Украина.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.