Бројот на убиени Палестинци во геноцидната војна на Израел во Газа надмина 54.400
Во болниците во последните 24 часа донесени се 37 тела, додека 136 лица се повредени, со што вкупниот број на повредени во израелските напади достигна 124.190

ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 54.418 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу.
Министерството истакна дека во болниците во последните 24 часа донесени се 37 тела, додека 136 лица се повредени, со што вкупниот број на повредени во израелските напади достигна 124.190.
„Многу жртви сѐ уште се наоѓаат под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.
Израелската армија ги продолжи нападите врз Појасот Газа на 18 март во кои се убиени 4.149 лица, а повредени уште 12.149, кршејќи го договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што стапи на сила во јануари.
Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.