свет

Русија: Седум лица загинаа, 66 се повредени при уривање на автопатски мост врз патнички воз

„Седум лица ги загубија животите, а 66 лица, меѓу кои и три деца, се повредени како резултат на уривањето на мостот. 44 од нив се однесени во болница, а 22 се лекувани амбулантски.“

Dmitri Chirciu  | 01.06.2025 - Обновена : 02.06.2025
Русија: Седум лица загинаа, 66 се повредени при уривање на автопатски мост врз патнички воз

МОСКВА (АА) - Седум лица ги загубија животите при уривање на автопатски мост врз патнички воз во регионот Брјанск, во Русија, јавува Анадолу.

Гувернерот на регионот Брјанск, Александар Богомаз, на својот канал на Телеграм објави дека автопатски мост се урнал врз патнички воз кој се движел од Климов кон Москва.

Истакнувајќи дека екипите за пребарување и спасување продолжуваат со работа на местото на настанот, Богомаз соопшти: „Седум лица ги загубија животите, а 66 лица, меѓу кои и три деца, се повредени како резултат на уривањето на мостот. 44 од нив се однесени во болница, а 22 се лекувани амбулантски.“

Истражителите вршат увид на местото на настанот за откривање на причините за несреќата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.