Радарските податоци откриваат дека иранските ракети директно погодиле 5 израелски воени бази
Меѓу таргетираните израелски локации се голема воздухопловна база, центар за собирање разузнавачки информации и логистичка база, покажуваат податоците

АНКАРА / ИСТАНБУЛ (АА) – Иранските ракети директно погодиле пет израелски воени објекти за време на 12-дневната војна меѓу двете земји, покажаа радарските податоци, јавува Анадолу.
Податоците објавени од британскиот дневен весник „Телеграф“ и испитани од американски професори од Државниот универзитет во Орегон, САД, открија дека шест ракети истрелани од Техеран погодиле пет бази во северен, јужен и централен Израел.
Меѓу таргетираните израелски локации се голема воздухопловна база, центар за собирање разузнавачки информации и логистичка база, покажуваат податоците.
Израелските власти не објавија никакви информации за овие напади, бидејќи Тел Авив го цензурира објавувањето на какви било информации за воените локации.
„Телеграф“ процени дека 16% од иранските ракети стигнале до Израел и минале низ системите за противвоздушна одбрана, што се совпаѓа со стапката на успех од 87% што ја наведе израелската армија.
Конфликтот меѓу Израел и Иран избувна на 13 јуни, кога Израел започна воздушни напади врз ирански воени, нуклеарни и цивилни објекти, при што загинаа најмалку 935 лица. Иранското Министерство за здравство соопшти дека 5.332 лица се повредени.
Техеран започна одмазднички напади со ракети и беспилотни летала врз Израел, во коишто загинаа најмалку 29 лица, а повеќе од 3.400 беа повредени, според податоците објавени од Еврејскиот универзитет во Ерусалим.
Конфликтот заврши со прекин на огнот постигнат под покровителство на САД, кој стапи на сила на 24 јуни.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.