свет

При влез во Сирија и Грција приведени 9 лица, меѓу нив членови на терористичките организации ФЕТО и ДЕАШ

„Утврдено е дека еден од приведените е член на ДЕАШ, а друг на терористичката организација ФЕТО. Борбата против нелегалните премини на нашите граѓани се продолжува“, објави Министерството на Твитер.

Jeyhun Aliyev  | 08.04.2021 - Обновена : 09.04.2021
При влез во Сирија и Грција приведени 9 лица, меѓу нив членови на терористичките организации ФЕТО и ДЕАШ

АНКАРА 

Девет лица, меѓу кои двајца припадници на терористичките организација ФЕТО и ДЕАШ се фатени при обид за нелегален премин во Сирија и Грција, објави Министерството за одбрана на Република Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Утврдено е дека еден од приведените е член на ДЕАШ, а друг на терористичката организација ФЕТО. Борбата против нелегалните премини на нашите граѓани продолжува“, објави Министерството на Твитер.

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција, ноќта на 15 јули 2016 година.

Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД) и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.

Припадниците на терористичката организација, со години, преку местење на испитите напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, членовите на ФЕТО во правосудството на Турција со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.

Неколку години подоцна следуваше и неуспешниот крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обидот за пуч, што го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрира во турската војска.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа, која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın