Балкан

Трамп со честитка до Вјоса Османи: Силно ги поддржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово

„Претседателот Трамп, исто така, ја изрази подготвеноста на САД за проширување на партнерството меѓу двете држави, особено преку зголемување на трговијата и инвестициите, со цел унапредување на заедничкиот просперитет...“

Dzihat Aliju  | 16.02.2026 - Обновена : 17.02.2026
Трамп со честитка до Вјоса Османи: Силно ги поддржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово

СКОПЈЕ (АА) – Претседателката на Косово, Вјоса Османи, прими честитка од претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, по повод 18-годишнината од прогласувањето на независноста на Косово, пренесува Анадолу.

Во писмото упатено до претседателката, според соопштението од Претседателството, претседателот Трамп му ја честитал на народот на Косово оваа значајна годишнина, повторно потврдувајќи ја непоколебливата поддршка на САД за суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово.

„Претседателот Трамп, исто така, ја изрази подготвеноста на САД за проширување на партнерството меѓу двете држави, особено преку зголемување на трговијата и инвестициите, со цел унапредување на заедничкиот просперитет, а истакна и дека САД се подготвени да работат рамо до рамо со Косово за унапредување на мирот и стабилноста во заемна корист“, се наведува во соопштението.

Трамп, исто така, изрази благодарност до претседателката Османи и народот на Косово за поддршката на американските напори за мир, а го поздрави и Косово како основачка членка на Одборот за мир, „кој има цел да го направи светот побезбеден, посилен и попросперитетен“.

На крајот од пораката претседателот Трамп изрази уверување за натамошно зајакнување на соработката и партнерството меѓу двете земји.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.