Балкан

Претседателката на Косово, Османи, го прими на средба премиерот на Албанија, Рама

„Двајцата лидери ја истакнаа важноста од континуирана координација Косово - Албанија како фактор на мир и стабилност во регионот, како и конструктивната улога на двете држави во меѓународните иницијативи што го промовираат мирот и соработката“

Dzihat Aliju  | 16.02.2026 - Обновена : 17.02.2026
Претседателката на Косово, Османи, го прими на средба премиерот на Албанија, Рама

СКОПЈЕ (АА) - Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денес го прими на средба премиерот на Албанија, Еди Рама, со кого разговараа за меѓудржавните односи и за регионалните случувања, пренесува Анадолу.

Според соопштението од Претседателството, во фокусот на средбата биле тесната политичка и институционална координација, како и заемната посветеност за интензивирање на соработката во надворешната политика, во функција на унапредување на заедничките стратегиски интереси.

„Двајцата лидери ја истакнаа важноста од континуирана координација Косово - Албанија како фактор на мир и стабилност во регионот, како и конструктивната улога на двете држави во меѓународните иницијативи што го промовираат мирот и соработката“, се наведува во соопштението.

Понатаму, според соопштението, за време на средбата е разговарано и за соработката во рамки на Одборот за мир, при што била истакната важноста од заеднички ангажман во глобалните иницијативи што го промовираат дијалогот, безбедноста и демократските вредности.

„Во овој контекст беше нагласено дека Косово и Албанија се почестени со поканата од претседателот Доналд Трамп во Одборот за мир, како доказ за почитта и партнерството со стратегиските сојузници“, се вели во соопштението, додавајќи:

„Претседателката Османи и премиерот Рама ја реафирмираа својата волја за продлабочување на братската соработка меѓу двете држави, ставајќи акцент на економското партнерство, развојот на заеднички проекти и создавањето конкретни можности што директно влијаат на приближувањето и благосостојбата на граѓаните на двете земји“.

Исто така, претседателката Османи му честиташе на премиерот Рама за напредокот на патот кон Европската Унија (ЕУ), оценувајќи го ова како доказ за јасната европска определба на Албанија и како развој што ја зајакнува европската перспектива на целиот регион.

​​​​​​​„На крајот од средбата, премиерот Рама им ја честиташе на претседателката Османи и на народот на Косово 18-годишнината од независноста на Република Косово, повторно потврдувајќи ја целосната и непоколеблива поддршка на Република Албанија за државата Косово и нејзината евроатлантска иднина“, се додава во соопштението.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.