свет

Портпаролот на Кремљ, Песков: „Русија и САД ќе се консултираат за нафтата“

„Постигнат е консензус за да се дадат инструкции за почеток на консултациите меѓу Русија и САД за нафтените пазари“

Emre Gürkan Abay   | 31.03.2020
Портпаролот на Кремљ, Песков: „Русија и САД ќе се консултираат за нафтата“

МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, соопшти дека се планирани консултации меѓу Русија и Соединетите Американски Држави (САД) за пазарите на нафта и дека двете земји се согласуваат дека сегашните цени на нафтата не се соодветни за нивните интереси, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Песков во изјавата за медиумите во Москва се осврна на вчерашниот телефонски разговор помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп.

Истакнувајќи дека за време на телефонскиот разговор се дискутирало за случувањата на нафтените пазари, Песков нагласи: „Меѓу двајцата лидери постигнат е консензус за да се дадат инструкции за почеток на консултациите меѓу Русија и САД за нафтените пазари.“

Песков, истакнувајќи дека Путин претходно разговарал со рускиот министер за енергетика, Александар Новак, рече: „Секако, двете земји се согласуваат дека сегашните цени на нафтата не се во нивен интерес.“

Цените на нафтата вчера беа делумно зголемени по телефонскиот разговор помеѓу Путин и Трамп.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın