свет

Покрај санкциите кон Пелоси, Кина најави осум дополнителни контрамерки против САД

Осумте контрамерки што Пекинг ги најави вклучуваат откажување телефонски разговори меѓу американски и кинески воени претставници, откажување на работниот состанок меѓу кинеските и американските оддели за одбрана...

Riyaz Khaliq Khaliq   | 05.08.2022
Покрај санкциите кон Пелоси, Кина најави осум дополнителни контрамерки против САД

ИСТАНБУЛ (АА) - Кина денеска најави санкции против претседателката на Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави, Ненси Пелоси и нејзиното семејство, како и контрамерки против САД поради посетата на Пелоси на Тајван претходно оваа недела, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за надворешни работи на Кина претходно соопшти дека Пелоси инсистирала да го посети кинескиот регион Тајван, што го окарактеризира како мешање во внатрешните работи на Кина.

Пекинг, исто така, објави осум контрамерки против САД поради посетата на Пелоси на Тајван, која не беше наведена во нејзиниот официјален план на патување.

„Ова во голема мера го поткопува суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина, сериозно му штети на принципот „Единствена Кина“ и во голема мера ги загрозува мирот и стабилноста во Тајванскиот Теснец“, се вели во соопштението, во кое посетата на Пелоси се нарекува злонамерна провокација.

Во соопштението се наведува дека Кина донела одлука да ги санкционира Пелоси и членовите на нејзиното семејство.

Осумте контрамерки што Пекинг ги најави вклучуваат откажување телефонски разговори меѓу американски и кинески воени претставници, откажување на работниот состанок меѓу кинеските и американските оддели за одбрана, суспендирање на кинеско-американската соработка за нелегална миграција, контролата на наркотици и климатските промени.

Пелоси е првата претседателка на Претставничкиот дом на САД која го има посетено Тајван по 25 години.

Таа ја предводеше делегацијата на американски официјални лица кои посетата на овој дел од светот ја започнаа со заминување во Сингапур во понеделникот, а потоа во Малезија, од каде што отпатуваа за Тајван, што предизвика реакции од Пекинг.

Таа го напушти Тајван во средата вечер заради посета на Јужна Кореја, а во четвртокот вечерта пристигна во Токио. Пелоси ја завршува посетата на азиските земји со враќање во САД денеска попладне.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın