свет

Податоци укажуваат на распоредување на над 160 американски воени танкери како поддршка на нападите врз Иран

- Околу 36 авиони од типот KЦ-135 и еден KЦ-46A се стационирани во базите во јужна Европа и Медитеранот, најверојатно за да вршат дополнување гориво на авионите што пристигнуваат од Велика Британија

Efe Özkan  | 13.03.2026 - Обновена : 13.03.2026
Податоци укажуваат на распоредување на над 160 американски воени танкери како поддршка на нападите врз Иран

ИСТАНБУЛ (АА) – Над 160 американски танкери се позиционирани во ЦЕНТКОМ и ЕУКОМ за поддршка на стотици воени авиони, две недели по почетокот на операцијата „Епски гнев“, покажуваат податоците до кои дојде Агенцијата Анадолу.
Според податоците од отворен тип за следење на летови, 17 авиони од типот KЦ-46A „Пегасус“ и 62 летала KЦ-135 „Стратотанкер“ се забележани во близина на оперативната зона, на аеродромите под контрола на ЦЕНТКОМ и во воздушната база „Диего Гарсија“, најголемиот остров во архипелагот Чагос, кој служи како заедничка воена база на Велика Британија и Соединетите Американски Држави (САД) од 1970-тите. Повеќе од 40 од овие летала се стационирани на израелскиот аеродром „Бен Гурион“.

Околу 36 авиони од типот KЦ-135 и еден KЦ-46A се стационирани во базите во јужна Европа и Медитеранот, најверојатно за да вршат дополнување гориво на авионите што пристигнуваат од Велика Британија.

Откако Велика Британија дозволи да се користат нивните бази од страна на САД, значителен број американски бомбардери започнаа да ја користат базата на Кралското воено воздухопловство РАФ Ферфорд за бомбардирање во Иран. Петнаесет KЦ-46A и 33 доставувачи на гориво од типот KЦ-135 се распоредени во Обединетото Кралство, воздухопловната база Лахес во Португалија и во бази низ северна Европа, како поддршка на бомбардерите со долг дострел и за дополнување гориво на авионите што транзитираат од САД кон Блискиот Исток.

Заклучно со декември 2025 година, военото воздухопловство на САД ја поседува најголемата флота на доставувачи на гориво во светот, со 396 летала од типот KЦ-135 и 100 од типот KЦ-46A.

Според податоците од отворени извори за следење на летови, 75 отсто од флотата одлетала во изминатите четири недели, што укажува на високо оперативно темпо уште пред почетокот на тековните дејствија.

Американски доставувач на гориво од типот КЦ-135 се урна во западен Ирак, за време на вчерашната оперативна акција, при што четворица од екипажот се загинати, а додека другиот кој учествувал во инцидентот слетал безбедно, соопшти американската војска.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın