Повеќе од 10,5 милиони лица во светот заразени со Ковид-19
- Најголемиот број на лица позитивни на Ковид-19 се регистрирани во САД, каде од коронавирусот се заразени 2.702.415 лица

ЊУЈОРК
Бројката на лица позитивни на коронавирусот во светот надмина 10,5 милиони лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според најновите податоци објавени на интернет страницата „Worldometer“, бројката на лица кај кои е детектиран коронавирусот на глобално ниво достигна 10.505.399.
Најголемиот број на лица позитивни на Ковид-19 се регистрирани во САД, каде од коронавирусот се заразени 2.702.415 лица.
По САД следат Бразил со 1.383.678 заразени, Русија со 647.849, Индија 585.220, Велика Британија со 312.654, Шпанија 296.351, Перу 282.365, Чиле 279.393, Италија 240.578, Иран 227.662 и Мексико со 220.657.
Од појавата на коронавирусот кон крајот на минатата година во кинескиот град Вухан, заразата се прошири на повеќе од 200 земји и региони во светот. Како последица на заразеност со Ковид-19 досега починаа 510.874 лица, оздрвеа 5.727.661, а на лекување се наоѓаат 4.266.864 заразени.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.