свет

Палестина го осуди потегот на Молдавија за преместување на амбасадата во Ерусалим

„Одлуката претставува флагрантно кршење на меѓународното право, меѓународниот легитимитет и резолуциите на ОН“

Ali H. M.Abo Rezeg   | 12.06.2019
Палестина го осуди потегот на Молдавија за преместување на амбасадата во Ерусалим

РАМАЛА (АА) - Палестинското Министерство за надворешни работи денес ја осуди одлуката на молдавскиот премиер, Павел Филип, за преместување на Амбасадата на Молдавија од Тел Авив во Ерусалим, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Одлуката претставува флагрантно кршење на меѓународното право, меѓународниот легитимитет и резолуциите на Обединетите нации“, се вели во соопштението на Министерството.

Молдавија, која граничи со Романија и Украина, стана првата европска земја што ќе ја премести својата амбасада во Ерусалим.

Од палестинското Министерство за надворешни работи додаваат дека молдавскиот премиер тргува со позицијата на земјата со Соединетите Американски Држави (САД) и Израел, посочувајќи ја уставната криза и борбата за власт во малата европска земја, која минатата недела заврши со суспензија на избраниот претседател, Игор Додон, од страна на Уставниот суд.

Во соопштението се додава дека премиерот Филип ја искористува политичката нестабилност во неговата земја за да се здобие со поддршка на САД и Израел.

Молдавија е најсиромашна земја во ЕУ, која беше без Влада од изборите одржани во февруари. Минатата недела проевропските и промосковските блокови успеаја да формираат коалициска Влада, во очигледен потег да се урне олигархијата, предводена од поранешната владејачка Демократска партија.

Израел се обидува да ги убеди државите да ги префрлат нивните дипломатски мисии од Тел Авив во Ерусалим. Досега, САД и Гватемала ги преместија нивните амбасади во Ерусалим.

Ерусалим останува во срцето на повеќегодишниот конфликт на Блискиот Исток, при што Палестинците се надеваат дека Источен Ерусалим, окупиран од Израел од 1967 година, еден ден ќе биде главен град на независна палестинска држава.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.