ОН предупредува: Пет милиони луѓе во Мали ќе се соочат со недостаток на храна
- Во соопштението на Канцеларијата за координација на хуманитарни работи на ОН (OCHA) се наведува дека во таа земја околу 3,5 милиони луѓе имаат проблем со недостаток на храна, од кои 757.000 се наоѓаат под границата на сиромаштија
ЊУЈОРК
Обединетите нации предупредуваат дека оваа година во Мали храна ќе недостасува на дури 5 милиони луѓе, јавува Агенција Анадолија (АА)
Во соопштението на Канцеларијата за координација на хуманитарни работи на ОН (OCHA) се наведува дека во таа земја околу 3,5 милиони луѓе имаат проблем со недостаток на храна, од кои 757.000 се наоѓаат под границата на сиромаштија.
Бројот на жители на Мали кои во периодот од јуни до август ќе се соочат со недостаток на храна ќе се зголеми на 5 милино, од кои 1,3 милино би биле под границата на сиромаштија.
Овие податоци имаат тенденција на раст во однос на податоците од ноември 2019 година.
Од OCHA соопштуваат и дека по пат на Светската програма за храна ќе биде доставена помош во храна за околу 320.000 луѓе во конфиктните подрачја во Мали, вклучувајќи ги тука подрачјата на Гао, Каес, Менака, Мопти, Тимбукту и Туаденит.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.