Од последиците на ХИВ минатата година починаа 770.000 луѓе,
Според податоците од минатата година, ХИВ имаат 37,9 милиони луѓе. Таа бројка во 2017 година изнесуваше околу 36,9 милиони

АНКАРА (AA) - Назли Јузбашиоглу –
Од последиците на ХИВ/СИДА минатата година во светот животот го загубија 770.000 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците од Програмата на Обединетите нации (ОН) за СИДА (UNAIDS), од почетокот на епидемијата на ХИВ, 74,9 милиони луѓе се заразени, а 32 милиони починаа од болестите поврзани со СИДА.
Наведено е дека, според податоците од минатата година, ХИВ имаат 37,9 милиони луѓе. Таа бројка во 2017 година изнесуваше околу 36,9 милиони, а една година претходно - 36,7.
Од 37,9 заразени, 36,2 милиони се возрасни, а 1,7 милион деца се помлади од 15 години. Околу 79 отсто лица од вкупната бројка заразени од ХИВ, знаат дека се заразени со вирусот.
Од Програмата на Обединетите нации за СИДА апелираат дека милион лица, кои не знаат дека се заразени, итно ги поминуваат тестирањата на ХИВ и почнуваат со лекување.
Најмногу заразени се на подрачјето на источна и јужна Африка. Во извештајот е укажано и дека во 1996 година бројот на заболени од ХИВ изнесувал 3,4 милиони.
Процентот на смртност од ХИВ од 2010 година е намален за 33 отсто.
Вирусот најчесто се пренесува по сексуален пат, а нешто поретко со заразена крв; се пренесува и од заразени мајки на бебето во текот на бременоста, породувањето или доењето. Вирусот не може да се пренесе со вообичаени социјални контакти преку животните.
Симболот на борбата против ХИВ/СИДА е црвена врвка, која низ светот стана препознатлив знак на солидарност со заразените и заболените лица.
Први декември, Светскиот ден на борбата против ХИВ, се одбележува секоја година со цел подигнување на свеста на јавноста за ХИВ, покажување солидарност кон заболените, дејствување за намалување на стигмата и дискриминацијата, како и на свртување на вниманието на опасноста која ја носи ризичното однесување.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.