свет

Одделот за криминал на Германија: Нападот во Ханау се базирал на раситички мотив

- Претседателот на германскиот оддел за криминал Холгер Мунш соопшти дека во нападот 19 февруари изведен во градот Ханау во кој едно лице уби 9 лица од кои 4 Турци има „расистички мотив“

Cüneyt Karadağ   | 31.03.2020
Одделот за криминал на Германија: Нападот во Ханау се базирал на раситички мотив

БЕРЛИН

Претседателот на германскиот оддел за криминал Холгер Мунш соопшти дека во нападот 19 февруари изведен во градот Ханау во кој едно лице уби 9 лица, меѓу кои 4 Турци, има „расистички мотив“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Откако во германските медиуми се објавени вести поврзани со нападот во Ханау, Мунш преку својот профил на социјалната мрежа Твитер објави „Германскиот оддел за криминал експлицитно смета дека инцидентот е инициран од екстремно десничарски мотиви. Инцидентот се заснива врз расистички мотиви“.

Во својата објава Мунш информираше дека претходно немало прелиминарен извештај во кој се негираат вестите објавени во медиумите, ниту пак сега има таков извештај, додавајќи дека истрагата продолжува.

Германските медиуми во врска со расистичкиот напад во Ханаи објавија вест во кој трдеа дека Германскиот оддел за криминал подготвил извештај во кој се користат фрази дека нападот немал расистички мотиви.


- Расистичкиот терористички напад во Ханау

Во германскиот град Ханау на 19 февруари беше изведен расистички терористички напад врз две кафулиња во кои животот го загубија 9 лица, меѓу кои 4 Турци.

Во операцијата што го спроведоа припадниците на специјалните сили, во својот дом мртви се пронајдени извршителот на нападот Тобиас Р. (43) и неговата 72 годишна мајка.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın