свет

На поплавените улици во Париз полициско возило ја пушти познатата музика од филмот „Титаник“

– По ненадејните поплави во Париз поради силната бура што го погоди градот, забележано е полициско возило како се движи по поплавените улици и на звучник ја пушта познатата музика од филмот „Титаник“

Aida Cako  | 27.06.2025 - Обновена : 28.06.2025
На поплавените улици во Париз полициско возило ја пушти познатата музика од филмот „Титаник“

СКОПЈЕ (АА) – По ненадејните поплави во Париз поради силната бура што го погоди градот, забележано е полициско возило како се движи по поплавените улици и на звучник ја пушта познатата музика од филмот „Титаник“, јавува Анадолу.

Главниот град на Франција го погоди силна бура проследена со обилни врнежи од дожд, предизвикувајќи поплавување на улиците и јавните површини.

Истовремено Франција се соочува и со интензивен топлотен бран што во одредени региони достигна температури и до 36 Целзиусови степени. Ова е веќе 50. топлотен бран што ја погоди земјата од 1947 година, а половина од нив се регистрирани во 21 век.

Според експертите, ваквите екстремни временски услови се резултат на климатските промени што, како што велат, ги зголемуваат интензитетот и фреквенцијата на екстремни временски појави, како што се жештини, бури и поплави.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.