свет

Најмалку 68.865 Палестинци се убиени во нападите на Израел врз Газа, од кои 7 во последните 24 часа

- 236 Палестинци се убиени во израелските напади од почетокот на прекинот на огнот.

Mehmet Nuri Uçar  | 02.11.2025 - Обновена : 03.11.2025
Најмалку 68.865 Палестинци се убиени во нападите на Израел врз Газа, од кои 7 во последните 24 часа

ИСТАНБУЛ

Бројот на убиени Палестинци во нападите на израелската армија врз Појасот Газа се зголеми за 7 во последните 24 часа, достигнувајќи 68.865, известува Анадолу.

Во писмено соопштение на Министерството за здравство на Газа се дадени најновите податоци за смртните случаи и повредените во израелските напади, како и на телата извлечени од под урнатините.

Министерството информираше дека во последните 24 часа, извлечените телата на три лица од урнатините, четири лица убиени во новите напади и шестмина повредени се донесени во болниците во Појасот Газа.

Од почетокот на прекинот на огнот во израелските напади се убиени 236 лица, 600 се повредени, а 502 тела се извлечени од под урнатините.

Во соопштението, исто така, се наведува дека бројот на жртви од нападите на Израел врз Појасот Газа, кои започнаа на 8 октомври 2023 година, достигнал 68.865, додека бројката на ранети изнесува 170.670.

Во соопштението се наведува и дека од телата на 225 Палестинци вратени од страна на Израел, бројот на идентификувани изнесува 193.

Се известува дека илјадници мртви сѐ уште остануваат закопани под урнатините во Појасот Газа.


- Договор за прекин на огнот во Газа и размена на заробеници

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на 9 октомври објави дека Израел и Хамас ја одобриле првата фаза од планот за прекин на огнот во Газа за време на тековните преговори во Египет.

Договорот, потпишан во Египет каде што се водеа преговорите, беше спроведен на 10 октомври со одобрение од израелската влада.

Откако израелската армија се повлече од „жолтата линија“ како што предвидуваше договорот, беше објавено дека прекинот на огнот во Појасот Газа стапил на сила во 12:00 часот истиот ден.

И покрај прекинот на огнот во Појасот Газа, израелската армија повремено извршува напади врз Палестинците под разни изговори.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın