Училиштата низ Појасот Газа претворени во урнатини од израелските напади
Според Канцеларијата за медиуми на Газа, Израел директно целел 622 училишни згради, што претставува околу 80 % од сите училишта во подрачјето
СКОПЈЕ (АА) – Најновите снимки од Појасот Газа го откриваат степенот на уништување во Појасот Газа и срамнетите со земја училишта, покажувајќи го сериозното влијание на конфликтот врз образовниот сектор на територијата, јавува Анадолу.
Според соопштението од Канцеларијата за медиуми на Газа, Израел директно целел 622 училишни згради, што претставува околу 80 % од сите училишта во подрачјето.
Вкупно 163 училишта, универзитети и образовни институции биле целосно уништени, додека 388 се делумно оштетени, а 70 проценти од училиштата што се користеле за засолниште на присилно раселените Палестинци, исто така, претрпеле штета во израелските напади, според соопштението.
Најмалку 13.500 ученици, 830 наставници и образовен персонал и 193 научници, академска фела и истражувачи се убиени во израелските напади, се додава во соопштението.
Најтешко погодените области се северна Газа и Рафа, се додава.
Израел уби близу 69.000 Палестинци, претежно жени и деца, а повредени се над 170.000 во нападите во Газа од октомври 2023 година.
Прекинот на огнот помеѓу Израел и Хамас беше постигнат на 10 октомври, врз основа на мировниот план од 20 точки предложен од американскиот претседател Доналд Трамп. Но, Израел го прекрши прекинот на огнот повеќепати.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
