свет

Мета деактивираше над половина милион профили на лица под 16 години поради забраната за социјални мрежи во Австралија

На 10 декември Австралија стана прва земја што воведе забрана за социјални медиуми за деца под 16 години

Kanyshai Butun  | 12.01.2026 - Обновена : 12.01.2026
Мета деактивираше над половина милион профили на лица под 16 години поради забраната за социјални мрежи во Австралија

ИСТАНБУЛ (АА) - Мета, матичната компанија на американската платформа за социјални медиуми Фејсбук и Инстаграм, соопшти дека деактивирала 544.052 профили за кои смета дека ги поседувале корисници под 16 години во Австралија, по забраната за социјални медиуми во земјата, јавува Анадолу.

На 10 декември Австралија стана прва земја што воведе забрана за социјални медиуми за деца под 16 години. Со стапувањето на сила на забраната, на младите им е забрането да користат или одржуваат профили на големите платформи, како што се Фејсбук, Инстаграм, Икс, ТикТок, Јутјуб, Снепчет и други.

Во блог пост вчера компанијата соопшти дека помеѓу 4 и 11 декември деактивирала 330.639 профили на Инстаграм, 173.497 на Фејсбук и 39.916 на Тредс.

„Ја повикуваме австралиската Влада конструктивно да се вклучи со индустријата за да се најде подобар пат напред, како што е стимулирање на целата индустрија да го подигне стандардот во осигурување безбедни, соодветни на возраста онлајн искуства што ја зачувуваат приватноста, наместо генерални забрани“, се вели во соопштението.

Технолошкиот гигант нагласи дека е посветен на почитувањето на законот, истовремено истакнувајќи дека неговата „загриженост за одредување на возраста онлајн, без индустриски стандард, останува“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.