свет

Лидерот на либанските Друзи ги повика Турција и арапските земји итно да интервенираат во Сувејда

- Еби Муна: „Израел е страната најзаинтересирана за разгорување на ситуацијата во Сувејда. Се стреми да ги постигне своите интереси и експанзионистички амбиции и манипулира со одредени компоненти кои ќе бараат заштита под изговор на закани и опасност

Ekrem Biçeroğlu, Wassim Samih Seifeddine  | 19.07.2025 - Обновена : 21.07.2025
Лидерот на либанските Друзи ги повика Турција и арапските земји итно да интервенираат во Сувејда

БЕЈРУТ (АА) - Лидерот на либанските друзи, Еби Муна, даде интервју за Агенција Анадолу (АА) во врска со тековните судири во јужниот сириски град Сувејда, пишува Анадолу.


- Повик до Турција и арапските земји да дејствуваат како гаранти

Нагласувајќи дека дијалогот е единствениот начин од понатамошно насилство и поделби да се заштити Сувејда, и Сирија воопшто, лидерот на Друзите рече:

„Секој договор постигнат во Сувејда не може да биде траен без јасни и недвосмислени гаранции од Турција и арапските земји“.

„Последниот договор постигнат во четврток вечерта кон петок, беше добар чекор, но неговото спроведување бара покровителство и гаранции од Турција и арапските земји, бидејќи довербата меѓу државата и локалните групи (вооружените елементи на Друзите) целосно исчезна“, посочи Еби Муна.

Тој предупреди и на последиците што продолжувањето на настаните во Сувејда би ги имале врз стабилноста во Либан и додаде:

„Постојат такви кои се обидуваат да внесат раздор во Либан. Има загрижувачки движења насочени кон поттикнување секташки тензии“.

Нагласувајќи ја потребата од интервенција на Турција и арапските земји, лидерот на Друзите продолжи со зборовите:

„Повикувам на итно вклучување на Турција и арапските земји за да се запрак тековните судири во Сувејда. Настаните во Сирија се шокантни и алармантни случувања, што мора да се осудат. Тие го загрозуваат единството на Сирија и воспоставувањето на нова, модерна држава, за која имаме големи надежи.“

Еби Муна истакна дека верските власти се во состојба на голема готовност поради можноста настаните да се прелеат и во Либан и дека во тек Еби комуникација со верските власти, особено со Канцеларијата на муфтиството на Либан.

Еби Муна рече дека овие контакти ќе продолжат со цел да се нагласат заедничките принципи и да се отфрлат провокативните повици што не го одразуваат ставот на официјалните верски власти.


- „Израел се обидува да посее раздор“

Во врска со улогата на Тел Авив во настаните во Сувејда, Еби Муна истакна:

„Израел има најголема корист од настаните во Сувејда. Ја користи безбедносната ситуација за да посее раздор и да поттикне одредени групи да бараат заштита. Она што се случува сега (во Сувејда) е целосно израелски проект“, нагласи Еби Муна и додаде дека настаните „не ја одразуваат волјата на заедницата Друзи“.

Зборувајќи дека „внатрешниот дијалог во Сирија е од суштинско значење“ за да се избегне ранливост од надворешни закани, лидерот на Друзите рече:

„Израел е страната најзаинтересирана за разгорување на ситуацијата во Сувејда. Се стреми да ги постигне своите интереси и експанзионистички амбиции и манипулира со одредени компоненти кои ќе бараат заштита под изговор на закани и опасност. За да се биде буден против вак ситуација, потребно е да му се даде приоритет на здравиот разум“.


- Повик за покровителство на Турција во внатрешниот дијалог во Сирија

Еби Муна, лидер на заедницата Друзи во Либан, ја изрази својата доверба во Турција во однос на дијалогот и ја повика да „биде покровител на внатрешниот дијалог во Сирија, обезбедувајќи учество на сите компоненти и враќајќи ја довербата во политичкиот процес“.

Истакнувајќи дека продолжувањето на борбите во Сувејда би довело до поделба на Сирија, состојба што ја отфрлаат религиозните власти на Друзите, Еби Муна рече дека тие отсекогаш се залагале за обединета Сирија и продолжи со зборовите:

„Историскиот лидер Султан Паша ал-Атраш (водач на сириската револуција против француската окупација во 1925 година) имал визија за обединета Сирија и го отфрлил секташкото затворање, именувајќи го регионот „Џабал ал-Араб“ (Арапска планина) наместо „Џабал ал-Друз“ (Планина Друзи).“

Еби Муна истакна дека Друзите направиле големи жртви за време на 14-годишната сириска револуција и дека имаат право да бидат партнер во новата Сирија.


- Судири во Сувејда и израелски напади

На 13 јули избувнаа судири од мал обем меѓу бедуинските арапски племиња и некои вооружени групи Друзи во покраината Сувејда во јужна Сирија.

Десетици војници беа убиени во нападите на некои групи Друзи врз сириските безбедносни сили распоредени во регионот.

По ескалацијата на судирите меѓу безбедносните сили и некои локални вооружени групи Друзи, беше постигнат прекин на огнот меѓу двете страни.

Прекинот на огнот брзо пропадна, а израелската армија започна напади насочени кон сириските безбедносни сили.

На 16 јули израелските воздухопловни сили ги нападнаа сирискиот претседателски комплекс, седиштето на Генералштабот и Министерството за одбрана.

Додека истиот ден беше повторно воспоставен прекин на огнот меѓу владата и локалните групи во Сувејда, израелски воени авиони започнаа напади врз Дамаск и Дара.

По договорот, некои вооружени групи Друзи почнаа насилно да ги раселуваат бедуинските Арапи. Судирите меѓу двете страни повторно разгореа на 17 јули, но безбедносните сили не интервенирале.

Се проценува дека во судирите и израелските напади во Сувејда, од каде што се повлекле безбедносните сили, животот го загубиле стотици луѓе.

Конфликтот го остави регионот без храна, електрична енергија и вода, создавајќи хуманитарна криза.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.