свет

Лидерите на ЕУ го критикуваа унгарскиот премиер поради блокирањето на заемот од 103 милијарди долари за Украина

„Доколку земја членка ѝ објави војна на Европската Унија, со блокирање на одлука од клучно значење за геополитичката стабилност на Европа, тоа претставува најкраткиот пат кон излезот“

Melike Pala  | 20.03.2026 - Обновена : 20.03.2026
Лидерите на ЕУ го критикуваа унгарскиот премиер поради блокирањето на заемот од 103 милијарди долари за Украина

Brussels Hoofdstedelijk Gewest

БРИСЕЛ (АА) – Лидерите на Европската Унија (ЕУ) упатија остри критики кон унгарскиот премиер, Виктор Орбан, поради продолжувањето на блокадата на пакетот заеми наменети за Украина во висина од 90 милијарди евра, предупредувајќи дека неговиот став ризикува да ги поткопа единството и кредибилитетот на блокот, пренесува Анадолу.

Во изјава за локален медиум по Самитот на ЕУ во Брисел, неколку лидери го обвинија Орбан за попречување на одлуката која се смета за клучна за поддршката на Украина во нејзината тековната војна против Русија.

Белгискиот премиер Барт Де Вевер изјави дека блокирањето на една ваква клучна мерка е еднакво на дејствување против самата ЕУ.

„Доколку земја членка ѝ објави војна на Европската Унија, со блокирање на одлука од клучно значење за геополитичката стабилност на Европа, тоа претставува најкраткиот пат кон излезот“, изјави Де Вевер, изразувајќи оптимизам дека пресврт би можело да се постигне по парламентарните избори во Унгарија на 12 април.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, предупреди дека застојот може да го оштети кредибилитетот на ЕУ и дополнително да ја ослаби Украина во ваков критичен момент.

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, ја објасни позицијата на Унгарија како „фрапантен чин на нелојалност во рамките на Европската Унија“, предупредувајќи дека спорот може да остави „длабоки лузни“ во блокот.

Премиерот на Полска, Доланд Туск, исто така, упати критики кон Орбан, обвинувајќи го за користење на процедурални и формални трикови за да ја блокира помошта поради внатрешнополитички причини.

Не успеавме да го убедиме премиерот Орбан, и тој сѐ уште е решен да ја блокира помошта за Украина, користејќи одредени процедурални и формални трикови, што е многу лошо и за Полска и за Европа. Помошта за Украина е, пред сè, шанса да се сопре Русија и нејзината агресија’, изјави Туск.

Тој додаде дека иако другите земји членки на ЕУ истражуваат алтернативни начини за помош на Украина, засега нема јасен „План Б“.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека ЕУ ќе се погрижи Украина да ги добие средствата „на еден или друг начин“, додека дипломатски извори укажаа дека временската рамка за помошта може да се помести од април за мај, по поддршката од ММФ.

Заемот на ЕУ во висина од 90 милијарди евра наменет за Украина, кој е одобрен во декември минатата година, за следните 2026/27 година, останува блокиран од Унгарија, која бара Украина да го врати транзитот на руска нафта преку гасоводот „Дружба“ пред да го повлече своето вето.

Орбан првично го одобри финансискиот пакет во декември, но од февруари наваму ја блокираше неговата исплата.

Унгарија ја обвинува Украина за намерно запирање на испораката на нафта од Русија преку гасоводот „Дружба“, додека Киев тврди дека транзитот е прекинат поради оштетувања предизвикани од руски напад и ги одби барањата за инспекција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın