Коалицијата предводена од САД на Твитер ја избриша ознаката „СДФ“
Голем број корисници на Твитер реагираа на оваа објава и одговорија со ознаката „ТСК“, односно со кратенката за Вооружените сили на Република Турција. По тие одговори ознаката „СДФ“ беше избришана

АНКАРА (АА) – Здружените сили кои Соединетите Американски Држави (САД) ги предводат во борбата против терористичката организација ДЕАШ во Сирија (SOJTFOIR), на социјалната мрежа Твитер ја избришаа ознаката СДФ, односно „хаштагот“ кратенка за таканаречените Сириски демократски сили, јавува Anadolu Agency (AA).
SOJTFOIR од својот официјален Твитер профил со пишувањето на ознаката „СДФ“ даде поддршка на терористичката организација ЈПГ/ПКК против евентуалниот напад од страна на Турција врз целите на ЈПГ/ПКК во северен Ирак.
Голем број корисници на Твитер реагираа на оваа објава и одговорија со ознаката „ТСК“, односно со кратенката за Вооружените сили на Република Турција. По тие одговори ознаката „СДФ“ беше избришана.
ЈПГ/ПКК на 12 октомври 2015 година под називот Сириски демократаски сили (SDF) собра помали групи во Сирија на кои им пружа оружена и логистичка поддршка. ЈПГ/ПКК, која оттогаш под окупација држи третина од сириската територија, го користи името СДФ.
САД, кои ја признаваат ПКК како терористичка организација, ѝ дадоа назив СДФ за да имаат маска за соработка со неа.
Командантот на американските Сили за специјални операции (USSOF), генерал Рејмонд Томас, на 22 јули 2017 година изјави дека ЈПГ го променила своето име во Сириски демократски сили (SDF), по препорака на САД.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.