Кина испрати трет поморски сателит во вселената
- Станува збор за трет кинески поморски сателит што ќе им се придружи на претходните сателити „ХЈ-2Б“ за извршување на особено прецизен надзор на поморското опкружување

ПЕКИНГ
Кина денес испрати уште еден поморски сателит во вселената, објавија локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Новиот сателит за надгледување на морето и окените е лансиран од Центарот за лансирање сателити „Џјиучјуан“ на северозападниот дел на Кина“, извести новинската агенција „Синхуа““.
Кинеската ракета „Лонг марш-4Б“ го носеше сателитот „Хаијанг-2Ц“ (HY-2C), кој полета околу 13:40 часот по локално време.
Тоа е трет кинески поморски сателит што ќе се придружи на претходните сателити „ХЈ-2Б“ за извршување на особено прецизен надзор на поморското опкружување.
Тоа беше воедно и 347. лансирање од ракетната сесија „Лонг марш“. Минатата недела Кина во вселената испрати најмалку девет сателити.
Сателитите од групата „Џјилин-1 Гаофен 03-1“ полетаа од Жолтото Море. Кина исто така го испрати набљудувачкиот сателит „Гаофен-11 02“ во орбитата со ракетата носач „Лонг марш-4Б“. Ќе се користи за мапирање во склоп на кинеската амбициозна иницијатива „Појас и пат“.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.