Кина го откри најголемото наоѓалиште на злато од 1949 година
- Наоѓалиштето Дадонггоу, сместено во североисточната провинција Лиаонинг, содржи 1.444,49 тони докажани резерви на злато, според податоците на Министерството за природни ресурси
ИСТАНБУЛ (АА) – Кина денес соопшти дека го открила своето најголемо поединечно наоѓалиште на злато од основањето на Народна Република Кина во 1949 година, јавува Анадолу.
Наоѓалиштето Дадонггоу, сместено во североисточната провинција Лиаонинг, содржи 1.444,49 тони докажани резерви на злато, според податоците на Министерството за природни ресурси.
Државниот весник „Глобал тајмс“ објави дека рудникот веќе ја поминал економската студија за изводливост, што го отвора патот за негов развој.
Наоѓалиштето е класифицирано како супер голем, површински рудник. Според официјалните информации, подрачјето над надморска височина од 720 метри содржи околу 2,586 милијарди тони руда, со просечна содржина на злато од 0,56 грама по тон.
Рудникот е идентификуван по невообичаено брз 15-месечен процес на истражување, кој, според извештајот, би можел да стане модел за „кратки, висококвалитетни“ минерални истражувања во иднина.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
