Тимот астронаути од кинеската вселенска станица се врати на Земјата
- Повратниот лет на тимот астронаути закажан за 5 ноември беше одложен поради откриено оштетување на шатлот „Шенжоу-20“.
ПЕКИНГ (АА) - Кина објави дека тимот астронаути од кинескиот вселенски лет „Шенжоу-20“, чие враќање од вселенската станица Тиенгонг беше одложено поради оштетување на шатлот, се врати на Земјата со друг шатл, известува Анадолу.
Кинеската новинска агенција „Синхуа“ објави дека капсулата „Шенжоу-21“ со астронаутите Чинг Донг, Чинг Конгруи и Ванг Цие слетала во Донгенг, во автономниот регион Внатрешна Монголија во Северна Кина.
Повратниот лет на тимот астронаути закажан за 5 ноември беше одложен поради откриено оштетување на шатлот „Шенжоу-20“.
Соопштувајќи дека вселенскиот отпад предизвикал оштетување на шатлот, по инспекциите и безбедносните процени било одлучено астронаутите да се вратат со шатлот „Шинжоу-21“, кој го однесе новиот екипаж до вселенската станица.
Тимот астронаути, кој беше испратен на вселенската станица со шатлот „Шенжоу-20“ на 24 април и престојуваше во вселената повеќе од шест месеци, му ја предаде работата на тимот што пристигна со „Шенжоу-21“, кој полета кон станицата на 31 октомври.
Тимот од тројца астронаути во шестмесечни мисии престојува во вселенската станица Тиенгонг.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
