свет

Како последица на заразата со Ковид-19 во Кина починаа 1.380 лица, излечени се 6.723 пациенти

Досега вирусот „2019-nCoV“ е потврден кај вкупно 63.851 пациент, а само во изминатите 24 часа се потврдени над 5.090 нови случаи на вирусот, кој официјално е наречен „Ковид-19“

Rıyaz Khalıq  | 14.02.2020 - Обновена : 15.02.2020
Како последица на заразата со Ковид-19 во Кина починаа 1.380 лица, излечени се 6.723 пациенти

ПЕКИНГ (АА) - Билансот на починати лица како последица од заразувањето со вирусот Ковид-19 (коронавирус) во Кина е зголемен на 1.380 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Националната здравствена комисија на Кина (NHC) соопшти дека во изминатите 24 часа починале 121 заразено лице, со што бројот на починати од заразата со опасниот вирус во земјата е зголемен на 1.380.

Во соопштението се наведува дека досега вирусот „2019-nCoV“ е потврден кај вкупно 63.851 пациент, а само во изминатите 24 часа се потврдени над 5.090 нови случаи на вирусот, кој официјално е наречен „Ковид-19“

Кинеската новинска агенција „Синхуа“ јавува дека животно се загрозени 10.204 заразени лица, а дека 6.723 пациенти се излечени и отпуштени од болница.

Под медицински надзор и понатаму се речиси 188.000 лица за кои се сомнева дека го носат опасниот вирус.

Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави и брзо се прошири во кинескиот град Вухан, а случаи со зараза се потврдени во повеќе од 20 земји низ светот.

Светската здравствена организација (СЗО) прогласи состојба на глобална опасност, а голем број авиокомпании ги запреа летовите кон Кина.

Кинеските власти во Вухан испратија додатни 11.000 лекари и медицински лица за помош и лекување на заболените. Поголемиот дел од медицинскиот персонал, вклучувајќи ги и жените, ги избричија главите за да го намалат ризикот од заразување.

И во соседна Јапонија досега се потврдени речиси 250 случаи на зараза со коронавирусот, а меѓу последните заразени е и лекар во една болница во западниот дел на земјата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.