Силен земјотрес со магнитуда од 6,2 степени ја потресе западна Јапонија
Земјотресот го погоди источниот дел од префектурата Шимане во 10:18 часот по локално време на длабочина од околу 10 километри
ВАШИНГТОН (АА) - Силен земјотрес со магнитуда од 6,2 степени ја погоди западна Јапонија, но предупредување за цунами не е издадено, соопшти Јапонската метеоролошка агенција, пренесува Анадолу.
Земјотресот го погоди источниот дел од префектурата Шимане во 10:18 часот по локално време на длабочина од околу 10 километри.
Досега нема пријавени жртви.
Пријавени се и последователни потреси со помала магнитуда, јави новинската агенција Кјодо.
Не се откриени абнормалности во нуклеарната централа Шимане во Мацуе по првичниот земјотрес, соопшти операторот „Чугоку Електрик Пауер Ко“.
Надлежните, исто така, ги прекинаа услугите на брзите возови во западна Јапонија поради прекин на електричната енергија, додека работењето на линијата Санјо Шинкансен беше прекинато помеѓу станиците Окајама и Хирошима.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
