Балкан

Пленковиќ: Хрватска никогаш не размислувала за испраќање војници во Украина

„Како што јасно кажуваме сите овие години, Хрватска никогаш не размислувала да испраќа свои војници, но ќе продолжи да ја поддржува Украина политички, економски, енергетски и воено“, изјави Пленковиќ

Senita Sehercehajic  | 08.01.2026 - Обновена : 08.01.2026
Пленковиќ: Хрватска никогаш не размислувала за испраќање војници во Украина Фото: Stipe Majic/АА

ЗАГРЕБ (АА) - Хрватска никогаш не размислувала за испраќање на свои војници во Украина, но ќе продолжи да ја поддржува земјата политички, економски, енергетски и воено, изјави премиерот Андреј Пленковиќ отворајќи ја седницата на Владата денес, јавува Анадолу.

„Како што јасно кажуваме сите овие години, Хрватска никогаш не размислувала да испраќа свои војници, но ќе продолжи да ја поддржува Украина политички, економски, енергетски и воено“, рече тој, осврнувајќи се на состанокот на Коалицијата на волните во Париз, на кој се дискутираше и за идните мултинационални мировни сили во Украина.

Изјавата на Пленковиќ доаѓа по еден ден откако хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој е и врховен командант на Вооружените сили, изјави дека земјата нема да испраќа свои војници во Украина.

Пленковиќ изјави дека Хрватска ќе ѝ пружи помош на Украина во однос на цивилната заштита, спасувањето и сè што досега го направиле со енергетска поддршка, најавувајќи дека хрватската Влада денес ќе донесе некои одлуки за помош на земјата.

Хрватска е членка на Коалицијата на волните, група од 35 земји што се состанаа во Париз претходно оваа недела за да разговараат за безбедносните гаранции и евентуалното распоредување на мултинационални мировни сили во Украина по прекинот на огнот во војната со Русија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.