Иранскиот новинар Рухола Зам осуден на смртна казна
Зам е еден од најгласните критичари на иранската власт и е основач и уредник на каналот „Амедњуз“

ТЕХЕРАН (АА) - Судот во Иран го осуди новинарот Рухола Зам, кој е познат по несогласувањето со ставовите и политиката на иранските власти, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гласноговорникот на иранското правосудство, Голамхусеин Есмаили, денеска во Техеран изјави дека судот новинарот Зам го прогласил за виновен и дека според обвинението за ширење заблуда го осудува на смртна казна.
Есмаили рече дека Зам во обвинението се товари за 13 различни точки и дека изречената смртна казна ќе ја разгледа Врховниот суд на Иран.
Зам е еден од најгласните критичари на иранската власт и е основач и уредник на каналот „Амедњуз“, кој во 2015 година го следеа над милион корисници на социјалната мрежа Телеграм.
По речиси две години, забранета е работата на неговиот канал, а тој продолжи да ги објавува своите антирежимски текстови на новиот канал „Седаимардом“.
Осудениот новинар одреден период помина во егзил, а иранските сили во октомври минатата година го уапсија под обвинение за антиреволуционерно делување.