свет

Ирак: Околу 3 милиони луѓе не можат да ги задоволат своите дневни основни потреби за храна

Од покраините во Ирак кои имаат најмногу тешкотии во обезбедувањето храна се наведени: Мосул со 20 проценти, Дијала со 15 проценти, Киркук со 14 проценти и Багдад со 10 проценти

İdiris Okuduci  | 14.01.2021 - Обновена : 17.01.2021
Ирак: Околу 3 милиони луѓе не можат да ги задоволат своите дневни основни потреби за храна

ИСТАНБУЛ (АА) – Во Ирак околу 3 милиони луѓе не можат да ги задоволат своите дневни основни потреби за храна, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во извештајот објавен од Светската програма за храна на ОН (WFP) за хуманитарната состојба во Ирак во 2020 година, се наведува дека приближно 3 милиони луѓе во земјата не можат да ги задоволат своите дневни потреби за храна.

Според извештајот, од покраините кои имаат најмногу тешкотии во обезбедувањето храна се наведени: Мосул со 20 проценти, Дијала со 15 проценти, Киркук со 14 проценти и Багдад со 10 проценти.

Во изјавата за ирачкиот полудржавен весник „Ес-Сабах“ (es-Sabah), директорот на Светската програма за храна на ОН (WFP) за Ирак, Абдурахма Михач, истакна дека зголемената стапка на сиромаштија во земјата е поврзана со економската состојба во Ирак.

Михач рече дека приходот на Ирак значително се намалил како резултат на намалувањето на цените на нафтата и намалувањето на производството на глобалниот пазар.

Истакнувајќи дека вредноста на ирачкиот денар во однос на американскиот долар во последните месеци од 2020 година е паднат, Михач рече дека поради тој пад основните цени на увезената храна се зголемиле, а тоа пак предизвикало проблеми во основното снабдување со храна.

И покрај богатите резерви на нафта, Ирак, кој беше подложен на инвазија, граѓанска војна и од неодамна, поточно од 2014 година на големи напади на терористичката организација ДЕАШ, се наоѓа во економска криза поради небезбедноста и политичката нестабилност.

Нафтата е единствениот извор на приход во Ирак, кој има население од над 40 милиони жители. Сериозниот пад на цената на нафтата директно влијае на приходите на земјата.

Централната влада на Ирак има тешкотии во исплатата на платите на државните службеници. Во ноември 2020 година испрати Нацрт-закон до Парламентот со кој ќе се отвори пат за задолжување од 34 милијарди долари. Нацрт-законот беше изгласан во Собранието.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın