ОН: Американските воздушни напади врз бродови на Кариби и во Пацификот се „кршење на меѓународното право“
„Над 60 лица, се убиени во континуирана серија напади извршени од американските вооружени сили врз бродови на Кариби и во Пацификот од почетокот на септември, во околности што не се наоѓа оправдување кога се работи за меѓународното право“
Женева
Шефот за човекови права на ОН, Волкер Турк, денес изјави дека со неодамнешните американски воздушни напади врз бродовите на Кариби и во Пацификот, кои се поврзани со трговија на дрога, се кршат меѓународните норми за човекови права, јавува Анадолу.
„Над 60 лица, според наводите, се убиени во континуирана серија напади извршени од американските вооружени сили врз бродови на Кариби и во Пацификот од почетокот на септември, во околности што не се наоѓа оправдување кога се работи за меѓународното право“, се вели во соопштението на Волкер Турк.
Тој ги опиша нападите и убивањето цивили како „неприфатливи“, повикувајќи го Вашингтон да „ги запре ваквите напади и да ги преземе сите потребни мерки за да го спречи нелегалното убивање на луѓето на овие бродови, какво и да е кривичното дело кое им се припишува.
САД тврдат дека операциите се дел од операциите против трговија на дрога и тероризам регулирани со меѓународното хуманитарно право. Но Турк нагласи дека справувањето со прекуграничната трговија со дрога е „прашање на спроведување на законот, регулирано со внимателните ограничувања на смртоносната сила утврдени во меѓународното право за човекови права“.
„Врз основа на многу скудните информации што јавно ги дадоа американските власти, ниедно од лицата на бродовите не претставуваше непосредна закана за животите на другите или на друг начин не ја оправдуваше употребата на смртоносна вооружена сила против нив според меѓународното право“, додаде тој.
Турк повика на „брзи, независни и транспарентни истраги“ за нападите и ги повика САД да се борат против нелегалната трговија преку законски пресретнувања, апсења и гонења што ги почитуваат стандардите за правично и фер судење.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
