Израел тврди дека војската продолжува да ја напаѓа воената инфраструктура во западниот дел на Иран
Во соопштението на Армијата објавено од нејзиниот портпарол, Авичај Адрае, се вели дека израелските борбени авиони извршиле напади врз воената инфраструктура во Керманшах.

ИСТАНБУЛ (АА) - Израелската Армија денес соопшти дека продолжува со воздушните напади врз воената инфраструктура во западен Иран, јавува Анадолу.
Во соопштението на Армијата објавено од нејзиниот портпарол, Авичај Адрае, се вели дека израелските борбени авиони извршиле напади врз воената инфраструктура во Керманшах.
Иранските медиуми објавија дека доцна синоќа се случила силна експлозија во Керманшах.
Нападите се случија во најновата ескалација на израелскиот воен напад поддржан од САД врз Иран од 13 јуни, што го поттикна Техеран да започне одмазднички напади врз Израел.
Израелските власти соопштија дека најмалку 25 лица се убиени, а стотици повредени оттогаш во иранските ракетни напади.
Во меѓувреме, во Иран, најмалку 430 лица се убиени, а повеќе од 3.500 се ранети во израелскиот напад, објави иранското Министерство за здравство.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.