Протести „Да ги држиме рацете подалеку од Иран“ се одржаа во САД и Канада
- Протести „Да ги држиме рацете подалеку од Иран“ се одржаа во САД и Канада, по неодамнешниот напад на администрацијата на Трамп врз нуклеарните постројки на Иран

СКОПЈЕ (АА) - Протести „Да ги држиме рацете подалеку од Иран“ се одржаа во САД и Канада, по неодамнешниот напад на администрацијата на Трамп врз нуклеарните постројки на Иран, јавува Анадолу.
Вчера демонстрантите излегоа на улиците носејќи транспаренти и веејќи палестински и ирански знамиња, изразувајќи протест поради тековните напади врз Појасот Газа и Иран.
Голем број луѓе се собраа со повици за итен прекин на огнот и осуда на, како што рекоа, меѓународниот молк пред хуманитарните кризи.
И покрај многубројните меѓународни повици за прекин на огнот, израелската армија од октомври 2023 година спроведува жестока воена офанзива во Појасот Газа. Според последните податоци, досега се убиени речиси 56.000 Палестинци, повеќето жени и деца.
Од 13 јуни, кога Израел започна ненадејна офанзива врз повеќе цели низ Иран, вклучително воени и нуклеарни објекти, двете земји се вклучени во воздушни судири. Како одговор на тоа Иран изврши одмазднички напади врз израелска територија.
Израелските власти соопштија дека досега загинале најмалку 25 лица, а стотици се повредени во иранските ракетни напади.
Според иранското Министерство за здравство, во офанзивата на Израел врз Иран досега се убиени најмалку 430 лица, а над 3.500 се повредени.