
СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денес оствари телефонски разговор со неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ, порачувајќи дека Хрватска е докажан пријател на Северна Македонија, пренесува Анадолу.
Во објава на својот профил на социјалните мрежи по повод разговорот, Мицкоски истакна дека во пресрет на извештајот на Европскиот парламент продолжува да ги користи „сите контакти за да ја раскажам македонската вистина - за нашиот напредок, за вредностите што ги браниме и за иднината што ја заслужуваме.“
Тој нагласи дека „Хрватска е докажан пријател на нашата држава, а нејзината гласна поддршка во клучни моменти претставува голем поттик и охрабрување за сите нас.“
„Македонија заслужува членство во Европската Унија, но со крената глава“, порача премиерот Мицкоски.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.