свет

Израел и режимот на Асад разменуваат затвореници со посредство на Русија

„Размената на затвореници во овој момент се одвива со посредство на Русија. Нихал ал Макт и Зијаб Кахмуз ќе бидат спасени од израелските зандани“

Ethem Emre Özcan   | 17.02.2021
Израел и режимот на Асад разменуваат затвореници со посредство на Русија

АНКАРА (АА) - Израел и режимот на Асад во Сирија разменуваат затвореници со посредство на Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Размената на затвореници во овој момент се одвива со посредство на Русија. Нихал ал Макт и Зијаб Кахмуз ќе бидат спасени од израелските зандани“, се истакнува во веста на режимската новинска агенција „САНА“.

Во веста, исто така, се наведува дека младата Израелка која „беше уапсена откако влезе по грешка“ во областа Кунејтра, на југот на Сирија, ќе биде ослободена.

Од друга страна, во израелските медиуми вчера беше објавено дека израелската администрација побарала од Русија да помогне во врска со хуманитарно прашање поврзано со Сирија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.