свет

Земјотрес со јачина од 5,1 степен во Колумбија

Во соопштението се нагласува дека епицентарот на земјотресот бил во местото Урао кое се наоѓа во колумбиската област Антиохија.

Sinan Doğan  | 02.03.2021 - Обновена : 02.03.2021
Земјотрес со јачина од 5,1 степен во Колумбија

БОГОТА 

Земјотрес со јачина од 5,1 степен се случи во јужноамериканската земја Колумбија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Геолошката служба на Колумбија.

Во соопштението се нагласува дека епицентарот на земјотресот бил во местото Урао кое се наоѓа во колумбиската област Антиохија.

Се истакнува дека земјотресот со јачина од 5,1 степен се случил на длабочина од 30 километри.

Според соопштеното, нема жртви или материјална штета во земјотресот.

Во ова соопштение се наведува дека овој земјотрес бил почувствуван и во повеќе градови низ земјата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın