свет

Зеленски во Данска за билатерални разговори и средба со лидерите на нордиско-балтичките земји

Пристигнувањето на Зеленски во Данска доаѓа само по неколку часа откако најави серија разговори со партнерите на Киев за наредните денови, за време на кои ќе се разговара за потребата од „силни мерки на притисок“ врз Русија

Burç Eruygur, Alperen Aktaş  | 03.09.2025 - Обновена : 04.09.2025
Зеленски во Данска за билатерални разговори и средба со лидерите на нордиско-балтичките земји

ИСТАНБУЛ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес пристигна во Данска за билатерални разговори, како и да се сретне со лидерите на нордиските и балтичките држави, јавува Анадолу.

„Владимир Зеленски пристигна во Данска на билатерална средба со премиерката Мете Фредериксен и преговори со лидерите на НБ8 (Нордиско-балтичката осумка)“, изјави за новинарите прес-секретарот на претседателот, Серхиј Никифоров, информираше украинската државна новинска агенција Укринформ.

Пристигнувањето на Зеленски во Данска доаѓа само по неколку часа откако најави серија разговори со партнерите на Киев за наредните денови, за време на кои ќе се разговара за потребата од „силни мерки на притисок“ врз Русија.

„Подготвуваме значително засилување за Украина“, рече Зеленски, дополнително истакнувајќи дека ќе одржи и билатерален формат во Франција за координирање на напорите.

Украинскиот претседател додаде дека тие исто така подготвуваат состанок на „Коалицијата на волните“, како и „нови чекори“ во врските со ЕУ и САД. Тој не даде дополнителни објаснувања за преземените чекори.

„Им благодарам на сите што помагаат. Секој руски напад мора да биде пресретнат со вистински одговор“, додаде тој.

Украинските власти претходно денес јавија за руски воздушни напади низ целата земја во текот на ноќта, а Воздухопловните сили на Украина преку Телеграм објавија дека нивната противвоздушна одбрана соборила 430 од 502 дронови, како и 21 од 24 различни видови ракети, лансирани од Москва.

Руското Министерство за одбрана во подоцнежно соопштение истакна дека ноќта започнало групен напад врз „претпријатија од воено-индустрискиот комплекс и инфраструктурата за гориво на Украина“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.