свет, политика

Кремљ: Доколку се подигне нивото на преговорите меѓу Русија и Украина, истанбулскиот формат треба да продолжи

„Ако внимателно ги прочитате одредбите од договорите парафирани во Истанбул во 2022 година, ќе видите дека таму се вклучени сите безбедносни гаранции, сите се обезбедени таму. Дали се можни други гаранции? Секако“, истакна портпаролот Дмитриј Песков

Ali Cura  | 05.09.2025 - Обновена : 05.09.2025
Кремљ: Доколку се подигне нивото на преговорите меѓу Русија и Украина, истанбулскиот формат треба да продолжи

МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека доколку се подигне нивото на директни преговори меѓу Русија и Украина, треба да се продолжи со работата во истанбулскиот формат, известува Анадолу.

Во интервју за новинската агенција РИА, Песков ги коментираше актуелните прашања.

Зборувајќи за напорите на западните земји во „Коалицијата на подготвените“ да распоредат трупи во Украина за да се осигури безбедноста, Песков нагласи дека странските воени единици нема да осигурат безбедносни гаранции за Украина и дека тоа би било несоодветно за Русија.

„Безбедносни гаранции треба да се обезбедат и за Украина и за нас“, рече Песков.


- Нацрт-договорот од 2022 година во Истанбул ги осигурува сите безбедносни гаранции

Потсетувајќи на нацрт-договорот меѓу Русија и Украина што беше парафиран за време на преговорите во Истанбул во 2022 година, со посредство на Турција, Песков рече:

„Ако внимателно ги прочитате одредбите од договорите парафирани во Истанбул во 2022 година, ќе видите дека таму се вклучени сите безбедносни гаранции, сите се обезбедени таму. Дали се можни други гаранции? Секако. Сите овие можат и треба да бидат предмет на преговори.“

Песков изјави дека преговорите меѓу Русија и Украина би можеле да продолжат во истанбулски формат, потсетувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин високо ја пофали ефикасноста на работата на руската делегација предводена од Владимир Медински за време на преговорите во Истанбул.

На прашањето дали истанбулскиот формат може да продолжи доколку се подигне нивото на преговори меѓу Русија и Украина, Песков одговори:

„Овие активности можат и треба да продолжат“.


- Нивото на преговарачкиот тим може да се подигне

Песков истакна дека преговарачкиот тим со Украина може да се подигне на политичко ниво доколку е потребно, но сепак, тој изјави дека е доста високо моменталното ниво на делегацијата за која станува збор.

„Пред состанок на високо или највисоко ниво треба да се работи многу за да се решат помалите проблеми и помалите технички проблеми што го формираат целиот комплекс решенија“, рече Песков.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.