свет

Путин го покани украинскиот претседател Зеленски на средба во Москва

„Никогаш не сум го одбил ова, под услов состанокот да биде добро подготвен и да може да доведе до некои позитивни потенцијални исходи“

Elena Teslova  | 03.09.2025 - Обновена : 04.09.2025
Путин го покани украинскиот претседател Зеленски на средба во Москва

МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин денес рече дека би бил спремен да се сретне со својот украински колега Владимир Зеленски доколку ја посети Москва, јавува Анадолу.

Говорејќи на прес-конференција во Пекинг, Путин рече дека американскиот претседател Доналд Трамп му рекол да се сретне со Зеленски на нивниот состанок минатиот месец на Алјаска и дека му ја пренел на американскиот лидер својата подготвеност да го стори тоа.

„Никогаш не сум го одбил ова, под услов состанокот да биде добро подготвен и да може да доведе до некои позитивни потенцијални исходи“, рече тој. „Доналд ме праша дали би можел да организирам таков состанок. Јас одговорив да, можно е. На крајот на краиштата, ако Зеленски е подготвен, нека дојде во Москва - тогаш состанокот ќе се одржи.“

Средбата меѓу претседателите на САД и Русија на Алјаска во август беше прва по повеќе од четири години. Траеше околу три часа, по што двајцата лидери дадоа изјави за медиумите истакнувајќи ги „добрите резултати“ и нагласувајќи ја потребата од продолжување на напорите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.